![]() |
Измени во Македонскиот Закон за ДДВ |
|
Парламентот на Р. Македонија набрзина усвои неколку закони за измени на даночни закони во Септември. Еден од законите коишто претрпеа промени е и Законот за ДДВ, чии што промени беа објавени во Службениот Веник на 3ти Октомври 2011 а стапија во сила на 11ти Октомври 2011. Најважните измени во овој Закон се однесуваат на повластената стапка на ДДВ од 5%. Минатата година, како анти-кризна мерка, Владата на РМ ја усвои примената на повластената стапка на првиот промет на станбени згради/станови кои што се продаваат во рок од 5 години од комплетирањето на изградбата. Оваа мерка беше предвидена да важи до крајот на 2011, меѓутоа со новите измени во Законот, нејзиното траење се пролонгира до крајот на 2015. Исто така, две нови категории на добра и услуги ќе бидат подложни на оваа повластена стапка од 5% - сирово масло за производство на храна и комерцијални туристички услуги (хотели, мотели итн) – мерка којашто беше одамна очекувана а сега и добредојдена во секторот за туризам. Понатаму, процедурите за регистрација и дерегистрација на ДДВ се предвидува дека ќе бидат забрзани. Новиот член во Законот (чл. 51(а)) вклучува опција за даночните обврзници коишто аплицирале за ДДВ регистрација (или дерегистрација) а не добиле решение во рок од 15 работни дена директно да го побараат решението од директорот на даночната управа. Ако во рок од 5 дена од барањето решението се уште не е издадено, обврзникот има право да го извести Државниот Инспекторат којшто може да побара од директорот да го донесе предвидува и вклучување на Јавниот Обвинител. |
BACK TO MAIN PAGE |